Најчесто поставувани прашања

1. Кој е квалификуван за да биде примен во проектот?
Само квалификувани медицински сестри со факултетска диплома може да се вклучат во проектот.

2. Јас сум квалификувана медицинска сестра само со средно медицинско училиште. Дали јас може да се вклучам во проектот?
За жал, не. Само квалификуваните медицински сестри со факултетска диплома може да се вклучат во проектот.

3. Јас сум бабица, физиотерепефт. Дали јас може да се вклучам во проектот?
За жал, не. Само квалификувани медицински сестри со факултетска диплома може да се вклучат во проектот.

4. Кои документи се потребни за државјанин на земја која не е членка на ЕУ и има квалификации (степен/диплома) за медицинска сестра од држава која не е дел од ЕУ за да може да работи со професијата во Германија?
Ако не се државјанин на ЕУ ќе ви треба работна виза, која се добива од германските власти доколку имате договор за работа со работодавач од Германија. Ако вашиот степен/диплома и професионална лиценца за медицинска сестра е од држава која не е членка на ЕУ, треба да добиете германска лиценца за работа. Истата се добива по успешно положување на стручен испит одреден од германските иституции за признавање на дипломи. Исклучок од овој испит се дава во ретки исклучителни случаи и речиси не треба да се смета на оваа можност.

5. Кои трошоци ќе ми ги плати DSZ Akademie ако решам да се вклучам во проектот?
DSZ Akademie ги покрива трошоците за (i) интензивен курс по германски јазик од почетно ниво до Б2, (ii) краток подготвителен курс за професионалниот испит во Германија, (iii) поддршка при аплицирање за професионална лиценца и за работна виза, (iv) стапување во контакт со потенцијални работодавци.

6. Зошто DSZ Akademie ги покрива трошоците за наведените услуги?
Се е јасно во врска со ова. DSZ Akademie однапред ги финансира трошоците за обука и полагање, но подоцна ќе ги наплати од вашиот иден работодавач.

7. Дали има други трошоци во целокупниот процес на подготовка и имигрирање?
Да. Има трошоци за заверка на документи кај нотар, материјали за учење, трошоци за полагање, трошоци за аплицирање, патување и сместување во Германија за време на професионалниот испит итн. Овие трошоци ги нарекуваме “трошоци од трето лице“.

8. Како може да се платат овие “трошоци од трето лице“?
Ако не сте во можност сами да си ги платите “трошоците од трето лице“, DSZ Akademie може однапред да ги плати тие трошоци за вас и подоцна вие да го платите износот на DSZ Akademie откако ќе почнете да работите во Германија.

9. Кои се чекорите во целокупниот процес?
Почнувате со учењето на германскиот јазик. По успешното совладување на нивото Б1, DSZ Akademie ви организира контактирање со потенцијалните работодавци. Овие контакти се со цел насочување кон договор за работа, неопходен за добивање на работна виза за Германија. Овој договор за работа секогаш е условен од вашето успешно совладување на нивото Б2 и положување на стручниот испит.

10. Колку трае овој процес?
Совладувањето на нивото Б2 од германскиот јазик при почнувањето од почетно ниво, трае една година или нешто повеќе од тоа, доколку нема проблеми со напредокот во учењето на кандидатот. Кандидатите со претходни понапредни познавања на германскиот јазик може да го завршат процесот во пократок рок. Ваквите случаи ќе бидат индивидуално разгледани.

11. Во каква институција ќе работам јас во Германија?
Вашиот потенцијален работодавач во Германија може да биде државна или приватна болница, клиника, центар за рехабилитација, или геријатриски центар.

12. Дали може да го одберам мојот работодавач во Германија или регионот/градот во Германија каде ќе работам?
Се разбира дека има простор за ваква можност. Вашите желби заедно со вашето претходно работно искуство ќе бидат сериозно земени во предвид. Но, нема гаранција дека ќе ви биде исполнета желбата за посакуваниот тип на работодавач и град.

13. Што може да сметам за сигурно, ако се вклучам во проектот на DSZ Akademie?
DSZ Akademie може да ви гарантира (i) дека вашето работно место ќе биде за медицинска сестра (не болничар) во германскиот здравствен систем (ii) дека вашата плата нема да биде помала од одредено ниво (iii) како и дека ќе бидете обврзани да работите за вашиот работодавач само две години.

14. Колку долго треба/може да останам во Германија?
Вашиот договор за работа со DSZ Akademie ве обврзува да работите за одреден работодавач само две години. Колку долго ќе работите во Германија зависи исклучиво од вас. После завршувањето на двегодишниот договор за работа вие може да го смените работодавачот, градот, или да ја напуштите државата.

15. Дали може да го донесам брачниот другар/децата во Германија?
Имиграцијата во Германија е целосно регулирана со федерални закони. Воглавно, странските државјани кои не се жители на држава од ЕУ, доколку имаат договор за работа во Германија, може да ги донесат нивниот брачен другар и децата согласно законските одредби. Повеќе информации може да најдете на официјалната страна на федералното биро за имиграција и бегалци: http://www.bamf.de/EN/Migration/EhepartnerFamilie/ehepartnerfamilie-node.html

16. Не сум премногу млад. Дали може да се вклучам во проектот?
DSZ Akademie секако дека ги прифаќа сите кандидати кои имаат помалку од 50 години, во некои случаи и постари. Во секој случај кандидатите мора да покажат дека се решени и спремни да ги исполнат условите за курсот по германски јазик.

17. Што се случува доколку не положам некој испит?
Во вашиот договор со DSZ Akademie има можност за повторување на испитот.

18. Што се случува, ако не можам да ги исполнам барањата од курсот по германски јазик, ако постојано не успевам да го положам испитот, или ако решам да се откажам од проектот во било кое време од лични причини?
Во таков случај Вам ќе ви биде дозволено да се откажете од проектот по плаќање на трошоците на DSZ Akademie за часовите кои се реализирани до денот на вашето откажување.

19. Јас работам во наизменични смени претпладне-попладне кои често се менуваат. Дали може да ги посетувам часовите по германски јазик?
Да. Обезбедена е реализација на истите лекции во текот на претпладневните и попладневите часови во истиот ден. Тоа значи дека може да ги следите часовите без ништо да пропуштите.

20. Што треба да направам за да се вклучам во проектот? Што треба да поднесам?
За да се вклучите во проектот вие треба да аплицирате кај претставниците на DSZ Akademie. Ќе ви биде побарано да ги поднесете следните документи: диплома, заверка, документ за стручен испит, фотокопија од пасош и работна биографија. За Вашата апликација решава исклучиво DSZ Akademie.

21. Кога може да се вклучам во проектот?
Нови групи на кандидати се формираат на секои два-три месеци.