
-
by boban
Упорноста и желбата за успех се исплатат. Доказ за тоа е Билјана Стојановска, која со наша поддршка успеа да ја оствари својата цел. Направивме кратко интервју со неа, кое следи во продолжение..
Доаѓам од Mакедонија, живеам во Rottenburg, Baden Würtenberg. Работам во Universitätsklinikum Tübingen. Овде сум од 28.11.2018 (19 месеци) и работам на оддел за хемодијализа.
Кога и како започна Вашата приказна?
Кон проектот се приклучив 01.05.2017, а приказната започна со случајна не намерна порака од ФБ пријателка, која не знаеше ни што работам, но критериумите во понудата ме опишаа токму мене
Што ве поттикна да се обратите до DSZ Akademie?
Случајно испратената порака верував дека не е случајно пристигната кај мене. Имав краток разговор со тимот на DSZ Akademie. На почетокот ме обесхрабри тоа што повеќе од 50% од интересентите веќе го имале изучувано Германскиот јазик или имале контакт со него. Јас воопшто не, за мене беше ново искуство. Останав во групата затоа што тимот на DSZ Akademie ме убеди дека сум талентирана за јазици, што беше ново сознание за мене.
Како течеше процесот на вашата подготовка пред да заминете (за Германија)?
Целиот процес беше сериозно воден во однос на подготовката, полагање на испитот и подготовка на документацијата. Всушност, јас бев во првата група која го кршеше мразот. За сите нас, кандидати, предавачи и општо за сите што беа дел од проектот ова беше ново искуство. При секој следен чекор не знаевме што не очекува, но сите ние имавме иста цел, за чие постигнување дадовме се од себе, со вложување на нашето искуство и атомска енергија.
Од Страна на DSZ Akademie и Dekra, беше овозможено повеќе од што беше ветено. Ми се допадна квлалитетот и интензитетот на наставата. Што се однесува до документацијата, кај првата група беше малку нејасно, но се отвори патот за следните кандидати и се прецизираше што е потребно од документација. Особено сум задоволна што ми беше помогнато во добивањето на Urkunde, всушност целата постапка ја спроведе DSZ Akademie во соработка со Dekra.
Што е клучно според вас за приказната да биде успешна ?
Најважно во изучување на германскиот јазик е редовно и посветено учење и редовно изработување на домашните работи. За приказната да биде успешна, потребна е квалитетна настава, поддршка од носителите на проектот и секакко поддршка од семејството. Со почетокот на проектот сите мои обврски кон работата и семејството останаа непроменети, спиев само 2 часа, а времето за спиење го користев за учење. Знаев дека морам да издржам и дека тоа еден ден ќе се исплати. Во однос на вклопувањето во новата средина, клучна улога има нивото на познавање на Германски јазик како и нашата стручност и искуство кое овде е многу ценето.
Што може да издвоите како најтешко, за што имавте најголема помош, и дали се соочувавте со некакви препреки?
Ако имаме цел и навистина е силна желбата да се постигне таа цел, ништо не може да не сопре или предомисли. Треба да веруваме во себе и тимот кој не води до таа цел.
Сега кога сте веќе таму, каков беше првиот впечаток за работното место, односот на колегите, целокупниот прием?
. Јас сум презадоволна како бев прифатена од луѓето овде и од вработените во клиниката. Кога вредите тие ќе направат се да ве задржат како дел од тимот. Изненадување беше што овде се грижат за вашата психичка состојба. Задоволен работник без стрес и со добро расположение е важен за успех на тимот.Но сепак се зависи од вас, како вие се однесувате така ќе се однесуваат со вас.
Дали и колку заминувањето во Германија, го реши Вашето животно прашање?
Заминувањето во Германија ја реши пред се иднината на моите деца. Тоа беше мојата цел. Тука има можност професионално да се доградувам. Нашето знаење и професионално искуство е особено респектирано, затоа јас се чувствувам дека вредам, како никогаш претходно.
На кој начин се смени и животот на вашите најблиски, вашето семејство?
Овде се дише чист воздух пред се. Ова е земја во која оној што вреди оди нагоре, за разлика од нашата земја, во која ако вредиш си често омаловажуван и неприфатен од околината поради завист. Овде луѓето ве сакаат доколку сте љубезни, учтиви, вредни и си ја гледате својата работа, а не мрзливи и ако за вас главна дневна активност е осврт и критика на животот на успешните. Овде е се поинаку, ќе се вклопите успешно доколку сте спремни да се промените себеси и своите навики, кои овде едноставно не функционираат.
Од оваа дистанца, каква порака би им испратиле на сегашните кандидати, и оние кои се уште размислуваат да станат дел од ваков проект?
На сите следни кандидати, би им препорачала да не се двоумат, да си постават цел и одлучно и храбро да ја остварат. Ќе ја постигнат, толку поскоро колку што ќе вложат во целата приказна. И морам да потенцирам колку е лесно, кога некој се грижи да ви го направи животот поубав и да ве направи поуспешни. Ваше е само да учите! Признајте си себеси ” никој друг нема да го направи тоа за вас”. Многумина имате роднини или блиски во Германија. Никој од нив не ви понудил да ви го плати курсот и да ви најде работа по струка со која ќе може солидно да живеете. Кога веќе некој ви го нуди тоа, не се двоумете, верувајте им на оние на кои работа им е да ви го направат животот поубав.